Поштари и сродни занимања
Активности
Поштарите вршат оперативни задачи во поштенскиот сообраќај; прием, обработка-класифицирање при испраќање, превоз, доставување, обработка-класифицирање при доставување, испорачување на поштенски и парични пратки.
Задачите вклучуваат:
- ракување со пошта во јавни пошти;
- сортирање и испорака на пошта на приватни адреси и на други места;
- обезбедување на потврда за извршена достава на пратка;
- сортирање и водење на едноставна евиденција за влезната и излезната кореспонденција и распределба на излезната пошта во разни претпријатија;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Оваа единица ги вклучува следните занимања:
4412.01 Писмоносец
4412.02 Референт за пошта
4412.03 Контролор на пошта
4412.04 Поштар
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)