Лимари

Лимари

Активности

Лимарите изработуваат, инсталираат и поправаат производи и делови од производи од листен метал како лист челик, бакар, калај, месинг, алуминиум, цинк или поцинкувано железо.

Задачите вклучуваат:

  • изработка на метални листови за леење и обликување;
  • сечење на метални листови според потребните димензии;
  • обликување на лимени делови (прибори и апарати за домаќинство, лесни фигури, резервоари);
  • поправка на лимени делови (рамнење и обликување) на моторни возила и авиони;
  • изработка и поправка на котли, резервоари, буриња и слични контејнери;
  • подготовка на шематски цртежи што треба да се следат при монтажа од страна на корисниците;
  • контролирање на квалитетот на производите;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

 

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

7213.01 Лимар

7213.02 Лимар, мајстор

7213.03 Металопојасер

7213.04 Автолимар

7213.05 Автолимар, мајстор

7213.06 Авиолимар

7213.07 Авиолимар, специјализиран

7213.08 Оцртувач на лимови

7213.09 Оцртувач на лимови, специјализиран

7213.10 Котлар

7213.11 Котлар, мајстор

7213.12 Обработувач на лим

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Лимарите изработуваат, инсталираат и поправаат производи и делови од производи од листен метал како лист челик, бакар, калај, месинг, алуминиум, цинк или поцинкувано железо.

Потребно образование при вработување

– Средно образование/Тригодишно стручно образование

– Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

25.627 МКД

Слободни работни местa

61