Лимари

Лимари

Работна средина

Лимарите најголем дел од денот го минуваат во стоење. Средината во која работат може да биде неудобна, бидејќи се изложени на многу високи или ниски температури. Редовно работат во средина со високо ниво на бучава, која може да доведе до намалување на концентрацијата. Прецизноста е многу важна во оваа работа. Во повеќето случаи нивната работа бара чести преместувања  на различни локации поради извршување на работата на различни објекти.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Лимарите изработуваат, инсталираат и поправаат производи и делови од производи од листен метал како лист челик, бакар, калај, месинг, алуминиум, цинк или поцинкувано железо.

Потребно образование при вработување

– Средно образование/Тригодишно стручно образование

– Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

25.627 МКД

Слободни работни местa

61