Канцелариски надгледувачи

Канцелариски надгледувачи

Како да станете канцелариски надгледувачи

Образование

Канцелариските надгледувачи треба да имаат завршено средно образование, но не постои специјализирана насока за занимањето. Канцелариските надгледувачи ги учат своите знаења и вештини преку обука на работното место или во текот на работното искуство.

Канцелариските надгледувачи потребно е да поседуваат знаења и вештини во секторот во кој работат.

Обука

Центарот за образование на возрасни има верификувано програми за канцелариско работење и тоа: оператор на софтвер за канцелариско работење, специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење, архивар.

За повеќе информации за верификуваните програми, како и критериумите за влез, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни: www.cov.gov.mk

Секоја година, Агенцијата за вработување нуди голем број различни субвенционирани програми за обука.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

 

Важни квалитети

Аналитички вештини. Канцелариските надгледувачи мора да бидат способни да ги прегледаат процедурите на организацијата за начини за подобрување на ефикасноста.

Комуникациски вештини. Канцелариските надгледувачи  често работат со канцелариските работници. Тие мора да бидат способни да ги пренесат идеите јасно, усно и писмено.

Ориентиран кон деталите. Канцелариските надгледувачи  мора да обрнат внимание на деталите за низа задачи, како на пример надгледување, координирање и контролирање на работните активности на канцелариските работници за внес на податоци и пишување.

Лидерски способности. При насочување на работниците и координација на организациските должности, Канцелариските надгледувачи  мора да бидат способни да ги мотивираат вработените и да се справат со проблемите што се појавуваат.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Канцелариските надгледувачи ги надгледуваат, координираат и контролираат работните активности на канцелариските работници за внес на податоци и пишување.

Потребно образование при вработување

– Средно образование

– Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

33.237 МКД

Слободни работни местa

610