Канцелариски надгледувачи
Активности
Канцелариските надгледувачи ги надгледуваат, координираат и контролираат работните активности на канцелариските работници за внес на податоци и пишување.
Задачите вклучуваат:
- поставување на планираната работа и извршување и координирање на активностите помеѓу вработените;
- подредување и прегледување на работата на вработените службеници следејќи ги нивните работни должности, обработка и чување на забелешки и досиеја;
- употреба на канцелариски и административни вештини;
- ракување со телефони и телефонски централи;
- решавање на сродни проблеми, подготовка и поднесување на извештаи;
- обучување и давање на инструкции за работните должности и безбедносните процедури;
- поставување на работни норми и оценување на вработените за извршената работа;
- регрутирање на кадри, интервјуирање и избор на вработените;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3341.01 Администратор
3341.02 Организатор на патувања
3341.03 Туристички аниматор
3341.04 Посредник за патувања
3341.05 Надгледувач на службеници
3341.06 Надгледувач на внесувач на податоци
3341.07 Раководител на смена
(Извор: Национална класификација на занимања, ISCO -08, www.stat.gov.mk)