Техничари за компјутерски системи и мрежи

Техничари за компјутерски системи и мрежи

Работна средина

Техничари за компјутерски системи и мрежи најчесто работат во канцеларии во компании од ИТ секторот. Во последно време се зголемува бројот на Техничари за компјутерски системи и мрежи кои работат од дома. Техничарите за компјутерски системи и мрежи  кои работат како изведувачи, честопати треба да патуваат – понекогаш и на долги растојанија – за да ги извршат потребните поправки.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за компјутерски системи и мрежи ја надгледуваат работата на воспоставените компјутерски системи и нивните делови, ракуваат со опрема за инсталирање на компјутерски елементи и опрема, ги доведуваат во функција и ги сервисираат компјутерските системи, како и поставување, управување и одржување на компјутерски мрежи и други технички задачи.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

25.954 МКД

Слободни работни местa

96