Техничари за компјутерски системи и мрежи

Техничари за компјутерски системи и мрежи

Активности

Техничарите за компјутерски системи и мрежи ја надгледуваат работата на воспоставените компјутерски системи и нивните делови, ракуваат со опрема за инсталирање на компјутерски елементи и опрема, ги доведуваат во функција и ги сервисираат компјутерските системи, како и поставување, управување и одржување на компјутерски мрежи и други технички задачи.

 

Задачите вклучуваат:

  • давање техничка помош во истражување на начелата и оперативните методи на компјутерите и системите, како и развој и одржување на системски програмски поддршки, воведување на бази на податоци, како и алгоритми, вештачка интелигенција и роботика;
  • учество во проектирањето на системи за поддршка на компјутери, изработка на потребни програмски поддршки и одржување на системите во работна состојба под водство на информатички стручњаци на повисоко ниво на оспособување;
  • воведување на нови оперативни системи и програми на компјутерска постава;
  • поставување на нови надворешни опреми, вклучувајќи и потребно прилагодување на големините во оперативните системи и погонските единици;
  • инсталирање, одржување и осовременување на компјутерските програми со помали измени и прилагодувања, со надзор на информатички стручњаци на повисоки нивоа на оспособување;
  • поставување и управување со подрачни компјутерски мрежи;
  • одржување и сервисирање на компјутерски мрежи;
  • одржување и осовременување на документацијата на компјутерските програми и поставената системска опрема;
  • примена на знаењето за начелата и за работата на компјутерите и програмирањето, за да можат да се препознаат и решат проблемите кои се среќаваат во работата;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

3513.01 Техничар за системско-програмска опрема

3513.02 Информатичар на систем

3513.03 Администратор на подрачна компјутерска мрежа

3513.04 Систем оператор

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за компјутерски системи и мрежи ја надгледуваат работата на воспоставените компјутерски системи и нивните делови, ракуваат со опрема за инсталирање на компјутерски елементи и опрема, ги доведуваат во функција и ги сервисираат компјутерските системи, како и поставување, управување и одржување на компјутерски мрежи и други технички задачи.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

25.954 МКД

Слободни работни местa

96