Техничари за компјутерски системи и мрежи

Техничари за компјутерски системи и мрежи

Повреди и болести

Работата на  техничарите за компјутерски системи и мрежи е стресна бидејки е поврзана со рокови. Работата на компјутер може да доведе до различни здравствени проблеми: овде се вклучуваат хронична болка на зглобовите, лактите, долниот дел на грбот, вратот и рамената. Може да влијае на видот и чести мигрена и главоболки.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно работното место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за компјутерски системи и мрежи ја надгледуваат работата на воспоставените компјутерски системи и нивните делови, ракуваат со опрема за инсталирање на компјутерски елементи и опрема, ги доведуваат во функција и ги сервисираат компјутерските системи, како и поставување, управување и одржување на компјутерски мрежи и други технички задачи.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

25.954 МКД

Слободни работни местa

96