Возачи на автобуси и трамваи
Како да станете возачи на автобуси и трамваи
Образование
Возачите на автобус е потребно да поседуваат возачка дозвола од „Д“ категорија. Во категоријата „Д“ спаѓаат моторни возила за превоз на патници кои имаат повеќе од осум седишта, покрај седиштето на возачот и може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 24 години возраст
- Најмалку две години да поседува возачка дозвола од категоријата „Ц“
- Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
- Лична карта
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
- Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (свидетелство, уверение, диплома издадени од образовни установи верифицирани од МОН на Р. С. Македонија, фотокопија заверена на нотар)
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
- Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
- Пријава за полагање на возачки испит
За возачите на трамваи е потребно возачка дозвола од категорија Т.
Потребни документи и услови:
- Доказ за завршено најмалку основно образование
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
- Важечка лична карта
- Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит
Обука
Во моментов не постојат верифицирани програми за транспортни службеници во Центарот за образование на возрасните.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за транспортни службеници кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Важни квалитети
Вештини за комуникација: Возачите на автобуси и трамваи редовно комуницираат со своите клиенти, тие треба да бидат комуникативни и љубезни за позитивно да ја претстават својата компанија, и да обезбедат доверба и задоволство кај патниците од услугата.
Прецизност: Клиентите се временски се потпираат на возачите на автобуси и трамваи, за навремено да ги соберат и навремено и сигурно да ги транспортираат до нивната дестинација.
Способност за координација: Возачите на автобуси и трамваи, мора да внимаваат на околината, да избегнуваат пречки на патот и други опасности додека ги извршуваат своите работни задачи.
Иницијативност: Возачите на автобуси и трамваи, обично работат со делумен или без никаков надзор, затоа мора да се само-мотивираат и да преземат иницијатива да заработат за живот.
Трпеливост и издржливост: Возачите на автобуси и трамваи мора да бидат мирни и сталожени кога возат на подолги релации, низ сообраќаен метеж или возат непримерни патници. Тие мора да останат будни, да ги следат условите на патот, да преземат мерки на претпазливост како би ја обезбедиле безбедноста на нивните патници, особено во сообраќаен метеж или лошото време.
