Оџачари и чистачи на градежни структури
Активности
Оџачарите и чистачите на градежни структури отстрануваат саѓи и нечистотии од оџаци или чистат фасади на објекти и други структури.
Задачите вклучуваат:
- отстранување на саѓи од оџаци и поврзувачки цевки;
- чистење на фасади од камен, тули, метал и слични материјали со примена на хемикалии, со пареа или песок, спроведени под висок притисок;
- чистење на остатоци од опожарени објекти;
- поставување на отровни мамки и други средства за уништување на штетници;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
7133.01 Работоводител на оџачари
7133.02 Оџачар
7133.03 Оџачар, мајстор
7133.04 Работник за чистење на згради со песок (пескарење)
7133.05 Чистач на фасада
7133.06 Еко хигиеничар
(Извор: Национална класификација на занимања, ISCO -08, www.stat.gov.mk)