Благајници и слични занимања

Благајници и слични занимања

Активности

Благајниците работат директно со клиенти на банки или на пошти во врска со примање, менување и исплата на пари или обезбедуваат поштенски услуги.

 

Задачите вклучуваат:

  • прием на обични и препорачани поштенски и парични пратки;
  • исплата на пари преку штедни книшки и чекови;
  • плаќање на сметки и правење на трансфер на пари во корист на клиентите;
  • продажба на поштенски марки и вршење на други поштенски парични
    дејства;
  • воспоставуваат телефонски врски, примање и испраќање на телеграми;
  • менување на пари од една валута во друга, според барањето на клиентите;
  • водење на пропишана евиденција за извршените услуги;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

4211.01 Банкарски службеник на шалтер

4211.02 Благајник во банка

4211.03 Благајник во пошта

4211.04 Благајник

4211.05 Менувач на пари

4211.06 Поштенски службеник на шалтер

4211.07 Службеник на шалтер во агенција за платен промет

 

(Извор: Национална класификација на занимања, ISCO -08, www.stat.gov.mk)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Благајниците работат директно со клиенти на банки или на пошти во врска со примање, менување и исплата на пари или обезбедуваат поштенски услуги.

Потребно образование при вработување

– Средно образование

– Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

24.015 МКД

Слободни работни местa

90