Професија што би можела да ти одговара е

ЗАВАРУВАЧ

Заварувачот изработува и составува метални конструкции и опрема. Тој/таа произведува метални производи според барањата на клиентот или работодавачот во автомобилската, поморската, транспортната, општопроизводната, градежната и други области. Заварувачот мора да ги владее вештините на читање и разбирање на инженерските цртежи и планови и да користи различни техники на заварување. Треба да е вешт со своите раце, да е свесен за потребата од безбедност при работа, да биде прецизен, одговорен и да внимава на детали. Ова занимање, кое е многу ретко, вообичаено е едно од најплатените во машинската/металната индустрија.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование

Средни стручни училишта

  • „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • СОТУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • СУГС „8 Септември“ – Скопје

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Квиз за професионална ориентација

Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.

Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com