Професија што би можела да ти одговара е

ШАНКЕР

Шанкерот може да работи во барови, ресторани, кафетерии, конференциски центри, сали за банкети, хотели или кај изнајмени кетеринг-служби. Тој/таа прима и подготвува нарачки за алкохолни и безалкохолни пијалаци според барањата на клиентите. Треба да се прилагодливи и способни за работа во тим. Потребни им се одлично развиени комуникациски вештини, физичка кондиција и издржливост. Образован и обучен шанкер е реткост во земјата и затоа е прилично добро платено занимање.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
  • „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  • „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
  • „Ванчо Питошески“ – Охрид
  • „Лазар Танев“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Моша Пијаде“ – Тетово
  • „Коле Нехтенин“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Квиз за професионална ориентација

Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.

Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com