Има голема веројатност да бидеш успешен како

Развивач на софтвер – програмер

Развивачите на софтвер за компјутерски системи планираат, анализираат, дизајнираат, унапредуваат или развиваат софтверски апликации за да ги задоволат барањата за различна практична примена. Работат самостојно во реализација на тимски проекти. Потребна им е креативност, логичко размислување и решавање проблеми. Може да работат во сопствена фирма или за друг работодавач. Во изминатата деценија, како на домашно така и на глобално ниво, ова занимање е меѓу најбараните и наплатените професии.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Високо образование
  • Некаде се потребни лиценци за познавање одредени програмски јазици или програмски пакети

Средни стручни училишта

  • „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • СОТУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Ќиро Спанџов Брко“ – Кавадарци
  • „Мирко Милески“ – Кичево
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  • „Наце Буѓони“ – Куманово
  • „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп
  • „Коста Сусинов“ – Радовиш
  • „Михајло Пупин“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Никола Карев“ – Струмица
  • „Моша Пијаде“ – Тетово
  • „Коле Нехтенин“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Квиз за професионална ориентација

Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.

Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com