Професија што би можела да ти одговара е

РАКУВАЧ СО МАШИНИ ЗА ПРЕХРАНБЕНИ И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

Ракувачите со машини за прехранбени и слични производи ракуваат со машините за преработка и производство на храна и напитоци од животинско и од растително потекло, како и со машини за сушење, конзервирање и замрзнување на храната. Ракувачите со машини треба да ги почитуваат процедурите за производство, да знаат да читаат планови, шеми и прирачници за користење различни видови машини. Потребни им се физичка издржливост и способност да се внимава на детали. Можат да работат самостојно или во тим, во мали и во големи индустриски погони. Поради зголемениот број домашни и странски производствени капацитети во земјата, пазарот на труд постојано бележи недостиг на ова занимање.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование

Средни стручни училишта

Професијата ракувач на машини произлегува од неколку профили што се нудат во средни училишта од машинска и од прехранбена струка. За градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Квиз за професионална ориентација

Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.

Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com