Има голема веројатност да бидеш успешен како

ПОМОШНИК ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА

Помошниците за здравствена грижа обезбедуваат лична нега, поддршка и третман на пациенти и помагаат при извршувањето на нивните секојдневни животни активности. Работат во центри за рехабилитација, старечки домови и во други слични институции. Треба да бидат одговорни и внимателни при следење на планот за третман утврден од лекари. Чувствителноста, емпатијата и трпеливоста се нивни главни лични особини. Помошниците за здравствена грижа треба да бидат комуникативни, да поседуваат вештини за набљудување и решавање проблеми. Иако ова не е релативно ново занимање на пазарот на труд во земјата, побарувачката постојано се зголемува.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование
  • Основно образование и сертифицирана програма

Средни стручни училишта

  • „Д-р Јован Калаузи“ – Битола
  • „Димитрие Чуповски“ – Велес
  • СОУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Мирко Милески“ – Кичево
  • „Наце Буѓони“ – Куманово
  • „Ѓорче Петров“ – Прилеп
  • „Марија Кири Склодовска“ – Скопје
  • „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Димитар Влахов“ – Струмица
  • „Никола Штејн“ – Тетово
  • „Јане Сандански“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Квиз за професионална ориентација

Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.

Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com