Пекарите мешаат и комбинираат состојки според рецепти за приготвување леб, бели печива и други пекарски производи. Тие можат да работат самостојно во своја пекарница или како дел од тим во друга пекарница, во производствен погон за производство на леб и бели печива или во хотели/ресторани. Пекарите работат најчесто ноќе или во раните утрински часови. За ова занимање се потребни вешти раце и креативност и е едно од најбараните занимања на пазарот на труд.
За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.
Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.
Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com