Има голема веројатност да бидеш успешен како

ИКТ ОПЕРАТОР

ИКТ операторот врши техничка работа поврзана со управувањето на производните процеси преку компјутери и дополнителната компјутерска опрема. Тој/таа врши операции според распоред и упатства за производство, внесува команди и ги набљудува производствените системи преку компјутерска програма. Потребни се вештини и знаење за информатичката технологија и управување со неа. Најчесто работи самостојно во големи и во мали индустриски погони, кои се управуваат преку современа компјутерска опрема. Поради големиот опсег на работни задачи што ги опфаќа ова занимање, пазарот на труд сè почесто има потреба од него, со прилично добри приходи.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • СОТУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Ќиро Спанџов Брко“ – Кавадарци
  • „Мирко Милески“ – Кичево
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  • „Наце Буѓони“ – Куманово
  • „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп
  • „Коста Сусинов“ – Радовиш
  • „Михајло Пупин“ – Скопје
  • „Владо Тасевски“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Никола Карев“ – Струмица
  • „Моша Пијаде“ – Тетово
  • „Коле Нехтенин“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Квиз за професионална ориентација

Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.

Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com