Изгледа дека би можел да се пронајдеш во професијата

ГОТВАЧ

Готвачите планираат оброци и готват храна според рецепти или според своја сопствена креативност. Работат самостојно или во тим и ја координираат работата на помошниците во кујната. Потребни се вештини за управување со опремата за готвење со голем обем и креативност во сервирање. Можат да работат во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна. Постојат можности и за самостојни кетеринг-услуги. Најголема потреба од готвачи се јавува во туристичките места за потребите на хотелите и угостителските објекти. Поради недоволниот број готвачи во земјата, занимањето готвач е одлично платено.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
  • „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  • „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
  • „Ванчо Питошески“ – Охрид
  • „Лазар Танев“ – Скопје
  • „Моша Пијаде“ – Тетово
  • „Коле Нехтенин“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Квиз за професионална ориентација

Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.

Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com