Има голема веројатност да бидеш успешен како

ДИСПЕЧЕР ВО ПАТЕН СООБРАЌАЈ

Диспечерот во патен сообраќај организира навремен и најекономичен транспорт на стоки, според барањата на клиентите. Во најширока смисла, презема активности што се однесуваат на планирање, проектирање, контрола и управување со сите процеси и информации што овозможуваат проток на материјали, луѓе и енергија. Клучни вештини се јасна прецизна комуникација и координација како и прецизност во работа со документи. Може да работи во компании чија примарна или споредна дејност е во областа на сообраќајот, транспортот и складирањето. Доброто познавање еден или повеќе странски јазици, му создава на диспечерот можност за прилично добра заработувачка.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Таки Даскало“ – Битола
  • СОУ „Богданци“ – Богданци
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп
  • „Владо Тасевски“ – Скопје
  • „Боро Петрушевски“ – Скопје
  • „Никола Карев“ – Струмица
  • „Моша Пијаде“ – Тетово

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Квиз за професионална ориентација

Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.

Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com