Алатничарот е квалификуван работник што произведува и одржува прецизни алати, кои се користат при производство на метал, пластика и други материјали од сите облици и големини. Потребно е да биде физички активен и вешто да работи со раце. Како креатор на алати треба да биде прецизен, уреден и одговорен. Свеста за безбедност при работата е неопходна, како и вниманието на детали. Работи самостојно или во тим, во своја сопствена работилница или во големи индустриски погони. Пазарот на труд има голема потреба од ова занимање, па оттаму и добрата заработувачка.
За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.
Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Северна Македонија. Резултатот е само почетен чекор кон твојата финална одлука.
Разговарај со кариерен советник за да дознаеш во која професиja би бил успешен/на. Договори средба со сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК: www.ask.org.mk / askariera@gmail.com