ПОМОШНИЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА
Активности
Помошниците за здравствена грижа пружаат лична нега и помош при извршувањето на секојдневните животни активности директно на пациентите и лицата сместени во различни здравствени институции, како што се болници, клиники или центри за нега со сместување.
Помошниците за здравствена грижа:
- обезбедуваат нега, поддршка и третман на пациентите и лицата сместени во здравствени, рехабилитирачки и резиденцијални објекти за нега, согласно планот за третман утврден од страна на лекари, медицински лица и други здравствени работници;
- пружаат помош на пациентите на кои им е потребна лична и терапевтска нега, како што е лична хигиена, хранење, облекување, физичка мобилност и вежбање, комуникација, примање терапија и менување на преврските;
- ги поставуваат, подигнуваат и вртат пациентите, и ги движат со количка или на подвижен кревет;
- одржуваат хигиена во средината на пациентот, согласно стандардите, како што е чистење на собите и менување на постелината;
- пружаат масажа и преземаат други нефармаколошки мерки за намалување на болките, на пример за време на бременост и породување;
- ги следат состојбата, реакциите и однесувањето на пациентите, и ги известуваат здравствените работници во случај на промени;
- извршуваат сродни задачи;
- вршат надзор врз други работници.
Примери на занимања вклучени тука:
5321.01 Болнички послужител
5321.02 Болничка негувателка
5321.03 Помошна болничарка
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)