ВЕТЕРИНАРИ

ВЕТЕРИНАРИ

Активности

Ветеринарите спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат сознанија, теории и оперативни методи за работа и применуваат медицински знаења во областа на ветеринарството. Се занимаваат со спречување на болести и лекување на широк спектар на животни или специјализирани за одредена група на животни, а се занимаваат и со научно – истражувачка работа.

Задачите вклучуваат:

– истражување, унапредување и развивање на поими, теории и оперативни методи во областа на ветеринарството;

– спроведување на испитувања и дијагностицирање на заболувања и повреди на животните;

– препишување на лекарства за животните и ставање на вакцини;

– овозможување на хируршко и медицинско ветеринарно лекување;

– санирање на повреди и скршеници на коски кај животните;

– давање на стоматолошки и акушерски услуги на животните;

– давање на совети за грижа и одгледување на животните;

– инспекција на квалитетот, чистотата и безбедноста на прехранбените производи добиени целосно или делумно од суровини или од животинско потекло, наменети за исхрана на луѓето;

– помош во епидемиолошки, радиолошки и друг надзор на здравјето кај животните;

– преземање на мерки за спречување на колективни болести и зарази кај животните;

– вршење на обдукција на мртви животни за да се утврдат причините за смрт на животните;

– давање на услуги за еутаназија на животните;

– изработка на научни трудови и пишување на извештаи;

– вршење на сродни работи;

– надзор на останатите соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2250.01 Ветеринар

2250.02 Ветеринар за репродукција на животни

2250.03 Доктор по ветеринарна медицина

2250.04 Ветеринар хирург

2250.05 Ветеринар за домашни миленици

2250.06 Ветеринар за здравствена заштита на животните

2250.07 Ветеринар специјалист

2250.08 Ветеринар истражувач

2250.09 Самостоен ветеринар истражувач

2250.10 Ветеринарен инспектор

2250.11 Советник за ветеринарство

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Ветеринарите спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат сознанија, теории и оперативни методи за работа и применуваат медицински знаења во областа на ветеринарството. Се занимаваат со спречување на болести и лекување на широк спектар на животни или специјализирани за одредена група на животни, а се занимаваат и со научно – истражувачка работа.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

25.828 МКД

Слободни работни местa

  • 7 АВРСМ