ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Работна средина
Техничарите за електротехника најчесто работат со електроинженери и/или машински инженери. Нивна работна средина можат да бидат производствените капацитети во разни индустриски гранки како на пример: енергетика, рударство, хемиска индустрија, прехранбена индустрија, текстилна итн..
Еден дел од техничарите за електротехника можат да бидат вклучени во самиот производствен процес, додека други може да работат од канцеларија во делот на изработка на проектна и конструкциска документација.