Соработници за статистичко-математички работи

Соработници за статистичко-математички работи

Активности

Соработниците за статистичко-математички работи помагаат во планирањето, собирањето, обработката и презентирањето на математички, статистички и актуарски податоци и во вршењето на тие операции, обично со надгледување на дипломираните математичари и дипломираните статистичари.

 

Задачите вклучуваат:

  • помош во планирањето и пресметувањето на математички, статистички и актуарски показатели, како и сродни пресметки;
  • подготовка на детални процени на количините и трошоците на материјали и работна рака, потребни за статистички истражувања, пописи на населението и други истражувања; • технички работи поврзани со собирањето на податоци и контрола на квалитетот и однесувањето на попишувачите/анкетарите при спроведувањето на попис, односно други редовни и вонредни статистички истражувања;
  • технички работи поврзани со составување, оддржување и користење на регистри и класификации за потребите на пописите и другите статистички истражувања;
  • употреба на стандардни компјутерски програми за пресметување на математички, актуарски и статистички показатели и сродни пресметки;
  • подготовка на математички, актуарски и статистички показатели и други резултати за графичко или табеларно прикажување, односно објавување;
  • употреба на знаења за математички, актуарски и статистички методи за пресметување на показатели, сродни принципи и практики, за решавање на проблемите што се јавуваат во текот на работењето;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

3314.01 Стручен соработник за финансиски план и анализа

3314.02 Стручен соработник за математички операции и прикази

3314.03 Стручен соработник за статистички операции и прикази

3314.04 Стручен соработник за операции и прикази во осигурувањето

3314.05 Соработник за статистичко-математички работи

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Соработниците за статистичко-математички работи помагаат во планирањето, собирањето, обработката и презентирањето на математички, статистички и актуарски податоци и во вршењето на тие операции, обично со надгледување на дипломираните математичари и дипломираните статистичари.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

34.068 МКД

Слободни работни местa

1