Службеници во обложувалници, казина и сродни занимања
Активности
Службениците во обложувалници, казина и сродни занимања ги одредуваат размерите и примаат или исплаќаат облози според резултати на спортски или други настани или водат игри на среќа во коцкарници.
Задачите вклучуваат:
- одредување на ризици за да се утврди веројатноста за добивка и за да се прими или одбие облогот;
- подготвување и издавање на списоци за приближната веројатност;
- распределба на картички, вртење на барабан или на рулет;
- објаснување и толкување на правилата на коцкање;
- објавување на извлечени броеви, исплаќање на добитници и собирање на исплати од оние што губат;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
4212.01 Примач на влог за кладење
4212.02 Крупие
4212.03 Примач на уплата за игрите на среќа
4212.04 Инспектор на игрите во казино
4212.05 Контролор на игрите во казино
4212.06 Издавач на жетони
4212.07 Дилер во коцкарница
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)