Систем аналитичари

Систем аналитичари

Активности

Систем аналитичарите на компјутерските системи спроведуваат истражувања, анализираат и оценуваат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за работа по барање на потрошувачите, имплементираат планови за подобрување на информатичките системи и советуваат во врска со нив или за нивната практична примена.

 

Задачите вклучуваат:

  • истражување на начелата и оперативните постапки на компјутерите и системите кои се базирани на компјутерите за информатичко комуницирање и обработка на податоци, планирање, дизајнирање, како и управување со процесите и производството;
  • придонесување и следење на техничкиот развој на компјутерите, компјутерските методи и програмска поддршка на нивните можности и ограничувања;
  • анализа на барањата на корисниците за утврдување на составот на опремата и програмска поддршка имајќи ги предвид функционалноста и потребите за понатамошен развој, како и применување на анализа на трошоците;
  • одговорност за распоредување на функционални решенија како креирање и имплементација на планови за тестирање на информатичките системи;
  • проширување и изменување на системите за подобрување на протокот на работа и остварување на повисоки цели;
  • координирање и поврзување на компјутерските системи за да се зголеми нивната компатибилност;
  • изработка на научни трудови и извештаи;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2511.01  Аналитичар на систем за инженерско-научен процес

2511.02  Аналитичар на информациски систем

2511.03  Аналитичар програмер

2511.04  Дизајнер на систем

2511.05  Инженер на систем

2511.06  Инспектор за заштита на личните податоци

2511.07  Советник за примена на информатичка технологија

2511.08  Соработник за информатичка поддршка

2511.09  Менаџер по информациски системи

2511.10   Инженер по информациски технологии

2511.11   Инженер за криптографија и безбедност на информации

2511.12  Информатички инженер

2511.13   Инженер за компјутерски науки

 

(Извор: Национална класификација на занимања, ISCO -08,www.stat.gov.mk)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Систем аналитичарите на компјутерските системи спроведуваат истражувања, анализираат и оценуваат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за работа по барање на потрошувачите, имплементираат планови за подобрување на информатичките системи и советуваат во врска со нив или за нивната практична примена.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

61.994 МКД

Слободни работни местa

87