РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР
Активности
Развивачите на софтвер за компјутерските системи спроведуваат истражувања, планираат, анализираат, дизајнираат, тестираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за работа за постоечките или нови софтверски апликации и оперативни системи за да ги задоволат барањата во практичната примена.
Задачите вклучуваат:
• истражување, анализирање и оценување на барањата за софтверски апликации и оперативни системи;
• истражување, дизајнирање, тестирање и развој на компјутерски софтверски системи;
• консултации со други стручњаци за да се постигне усогласеност и компатибилност помеѓу хардверот и софтверското решение;
• менување на постоечките софтверски решенија за да се исправат грешките, да се приспособат на хардверот или да се подобрат перформансите;
• процена, развој, унапредување и документирање на процедури за оперативни системи;
• консултација со потрошувачите во врска со одржувањето на софтверските програми и оперативните системи;
• изработка на научни трудови и извештаи;
• вршење на сродни работи;
• надзор на другите соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
2512.01 Аналитичар на софтвер
2512.02 Дизајнер на софтвер
2512.03 Инженер на софтвер
2512.04 Развивач на софтвер
2512.05 Инженер за роботика и интелигентни системи
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)