Ракувачи со машини за шиење на текстил, кожа и крзно

Ракувачи со машини за шиење на текстил, кожа и крзно

Активности

Ракувачите со машини за шиење на текстил, кожа и крзно ракуваат со шивачките машини заизработка на текстилна, кожна и крзнена облека и со машините за везење на декоративна дезенирана облека и други материјали.

Задачите вклучуваат:

  • ракување со стандардни или посебни машини за шиење со една или повеќе игли при изработка илипоправка на облека, ракавици и разни предмети од текстил, крзно или кожа;
  • ракување со стандардни или посебни машини за шиење со една или повеќе игли за везење надекоративни дезени на текстил или други материјали;
  • порабување на крајните делови на производите од текстил, кожа и крзно;
  • надгледување на работата на машините, тековно сервисирање и чистење;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

8153.01  Ракувач со машина за рамно шиење

8153.02  Ракувач со посебни машини за шиење на облека

8153.03  Ракувач со полуавтоматски и автоматски шивач

8153.04  Помошен ракувач со шивачка машина за тапацирање

8153.05  Ракувач со шивачка машина за тапацирање

8153.06  Ракувач со шивачка машина за текстил

8153.07  Ракувач со шивачка машина за кожа

8153.08  Ракувач со шивачка машина за везење

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со машини за шиење на текстил, кожа и крзно ракуваат со шивачките машини за
изработка на текстилна, кожна и крзнена облека и со машините за везење на декоративна дезенирана
облека и други материјали.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

16.196 МКД

Слободни работни местa

109