Ракувачи со машини за перење

Ракувачи со машини за перење

Активности

Ракувачи со машини за перење ракуваат со машини за перење и хемиско чистење во претпријатија и ја надгледуваат работата на машините.

Задачите вклучуваат:

  • сортирање на материјалите за перење по боја, материјал, големина и други
    карактеристики;
  • проверка и рачно отсранување на поголеми нечистотии од материјалите за
    перење и хемиско чистење
  • ставање на материјалите за перење во отворот од машината предвиден за тоа
  • дозирање на машините со потребната количина на детергенти и средства за
    омекнување;
  • ракување и програмирање за автоматска работа на машините за перење и
    хемиско чистење;
  • сушење и подредување на испраните материјали
  • доставување на материјалите по налог на корисниците на услугата и вршење
    на наплата за услугата
  • надгледување на работата на машините, тековно одржување и чистење;
  • водење на евиденција за работата на машините;
  • надзор на други работници

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

8157.01 Ракувач со машина за перење на алишта

8157.02 Ракувач со машина за цедење на алишта

8157.03 Ракувач со машина за перење на текстил

8157.04 Хемиски чистач

8157.05 Хемиски чистач, мајстор

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со машини за перење ракуваат со машини за перење и хемиско чистење во
претпријатија и ја надгледуваат работата на машините.

Потребно образование при вработување

Основно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

16.196 МКД

Слободни работни местa

4