Ракувачи со машини за изработка на гумени производи

Ракувачи со машини за изработка на гумени производи

Активности

Ракувачи со машини за изработка на гумени производи ракуваат со машини за гмечење и топење на гума и гумена смеса или производи со различни состојки и предмети од природна и синтетичка гума и пластика, како обувки, индустриски прибори, домашни предмети, изолациски материјали, гума за велосипеди, автомобили, трактори, авиони и други возила.

Задачите вклучуваат:

  • ракување со машини за гмечење, мешање и топење на гума и гумена смеса за
    натамошна обработка;
  • ракување со машини за производство на листови од гума или гумирана
    ткаенина,  по пат на валачки процес;
  • ракување со машини за истиснување на гумена маса или обликување на
    вулканизирана гума со калапење;
  • ракување со уреди за монтирање на автомобилски гуми, вулканизирање и
    калапење и поправање на употребени и дефектни гуми;
  • надгледување на работата на машините;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

8141.01  Ракувач со мелница за гума

8141.02  Ракувач со машини за изработка на гума

8141.03  Ракувач со машини за обликување на гумени  производи

8141.04  Ракувач со уреди за гумирање

8141.05  Ракувач со уреди за вулканизирање

8141.06  Ракувач со уреди за преработка на гумени производи

8141.07  Ракувач со опрема за доработка на гумени производи

8141.08  Ракувач со машини за изработка на горни гумени  делови на обувки 8141.09  Ракувач со машини за изработка на синтетички ѓонови

8141.10  Вулканизер

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Задолженија на работното место

Ракувачи со машини за изработка на гумени производи    ракуваат со машини за гмечење и топење на гума и гумена смеса или производи со различни состојки и предмети од природна и синтетичка гума и пластика, како обувки, индустриски прибори, домашни предмети, изолациски материјали, гума за велосипеди, автомобили, трактори, авиони и други возила.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

20.033 МКД

Слободни работни местa

25