Водоинсталатери и инсталатери на цевки – Плиноинсталатери
Како да станете плиноинсталатер/ка
Образование
Потребно е завршено средно образование или соодветен курс. Техничките училишта во Македонија нудат курсеви за планирање цевководни системи, безбедност и алатки што се користат, преку четиригодишната програма „машински техничар“. Програмите за стажирање со обука нудат мерење, заварување и сродни курсеви што се сметаат за неопходни за водоинсталатерите и плиноинсталатерите.
Од 2015 г., Министерството за труд и социјална политика го стандардизираше занимањето плиноинсталатери, а потребните вештини и познавања може да се најдат тука
http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/mashinska_montgasovinst.pdf
Стручните училишта нудат 4-годишни програми за машински техничари (курс и практиканти за водоинсталатери, плиноинсталатери и инсталатери на систем за пареа):
- Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
- Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
- Средно општинско училиште „Ванчо Прке“ – Виница
- Средно општиско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
- Средно општинско училиште „Мирко Милески“ – Кичево
- Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ – Кочани
- Средно општинско техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово
- Општински електро-машински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид
- Средно општинско училиште „Ристе Ристеки – Ричко“ – Прилеп
- Средно општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип
- Средно училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје
- Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип
Обука
Центарот за обука на возрасни верификува програми за обука, кои се со времетраење од 3 до 6 месеци, зависно од интензитетот на посетување (минимум завршено основно образование).
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за водоинсталатери и плиноинсталатери, посетете ја страницата:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
Секоја година, Агенцијата за вработување нуди различни субвенционирани програми за обука.
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Приватните претпријатија може да спонзорираат програми за стажирање за нови вработени.
Со дополнително техничко образование и неколку години водоинсталатерско искуство, водоинсталатерите може да се стекнат со статус мајстор. Занимањето не се лиценцира и голем дел од водоинсталатерите влегуваат на пазарот на трудот нерегистрирани.
Потребни вештини
Машински вештини. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите користат различни алати за спојување и поправање на цевководните системи. Изборот на соодветниот алат и успешното инсталирање, поправка или одржување на системот се суштински за нивната работа.
Физичка сила. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите мора да бидат доволно силни за да подигнуваат и пренесуваат тешки цевки.
Вештини за решавање проблеми. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите пронаоѓаат, дијагностицираат и поправаат проблеми. На пример, водоинсталатерите и плиноинсталатерите мора да поседуваат вештини за изведување тестови под притисок, за да го утврдат местото на истекување.
Деловни вештини. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите кои имаат сопствени претпријатија, мора да имаат вештини за насочување на работниците, доставување понуди за работа, и да го планираат распоредот за работа.
Услужување на клиентите. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите редовно работат со клиенти, и треба да бидат учтиви и пристојни.