Водоинсталатери и инсталатери на цевки – Плиноинсталатери
Изгледи за вработување
Според процените од Анкетите на работна сила 2017-2022, бројот на водоинсталатери и инсталатери на цевки се движи помеѓу 1.950 и 2.650 вработени.
Се очекува побарувачката за водоинсталатери и плиноинсталатери да се зголеми во текот на следните неколку години, бидејќи е зачестено инсталирањето гас за претпријатија, фабрики и приватни згради.
Во целина, се очекува можностите за вработување да бидат добри, при што некои работодавачи и понатаму се соочуваат со потешкотии при пронаоѓање квалификувани работници.
Како и кај другите градежни работници, вработувањето водоинсталатери и плиноинсталатери зависи од флуктуацијата во економијата. Од друга страна, работниците може да се соочат со периоди на невработеност во случај на општ пад на нивото на градежништвото, но може да дојде и до недостиг од работници во одредени периоди со зголемена градежна активност.
Плиноинсталатерите повеќе ќе бидат барани во иднина, бидејќи се забрзува процесот на гасификација во Македонија. Во периодот што следува, во фабриките ќе има нови работни места, како резултат на користењето природен гас во производниот процес, како поевтина варијанта од фосилното гориво. Во наредните години, се очекува изградба на примарната инфраструктура за дистрибуција на гас во земјата, па затоа се очекува топлотните станици и електраните да преминат на природен гас. На долгорочен план, откако ќе биде достапна секундарната мрежа за дистрибуција на гас, ќе има поголема побарувачка за плиноинсталатери во домаќинствата.
Слични занимања (од ISCO-08)
▪ Инсталатери за греење и климатизација – 7127
Повеќе информации
За вработување: