Обезбедување

Обезбедување

Активности

Вработените во обезбедување и сродните занимања вршат вратарски должности во станбени згради и деловни објекти, се грижат за паркинзи, чуваат куќи и друг имот од незаконско влегување,вандализам или кражба и откриваат пожари и други опасности, го одржуваат редот и ги спроведуваатпрописите на јавни настани, вршат обезбедување на лица, собираат билети или вршат разводнички задачи.

Задачите вклучуваат:

  • обиколка на згради и одредени области за да се спречат кражби, насилство, прекршување на закони или други регулативи;
  • работа како вратар во хотели и пречекување и испраќање на гости, помош околу нивниот багаж, давање клучеви или информации за насоките на движење
  • работа како вратари во станбени згради, проверка на правото за влез на посетители и давање потребни информации
  • чување на куќи и друг имот од незаконско влегување или кражба, пожар и други опасности
  • контрола на пристапот во објекти, влез и излез на вработени и посетители, проверување на идентификациони документи и делење на пропусници
  • вршење на безбедносни проверки на патници и багаж на аеродромите
  • вршење на должности на телохранител
  • доколку е потребно, употреба на сила за да се запрат натрапници
  • собирање билети во кина, театри, циркуси и слични места
  • грижа за гардероби и тоалети на јавни места
  • обезбедување на сигурносна достава на пари и други вредности на банки, банкомати и сефови
  • грижа за паркинзи
  • вршење на сродни задачи
  • надзор на други работници

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

5414.01 Чувар ( заштита на лица и имот)

5414.02 Телохранител

5414.03 Портир  ( заштита на лица и имот)

5414.04 Гардеробер

5414.05 Чувар на багаж

5414.06 Опслужувач во забавен парк

5414.07 Рецепционер

5414.08 Послужител

5414.09 Билетар

5414.10 Работник на паркинг

5414.11  Обезбедувач ( заштита на лица и имот)

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Вработените во обезбедување и сродните занимања вршат вратарски должности во станбени згради и деловни објекти, се грижат за паркинзи, чуваат куќи и друг имот од незаконско влегување, вандализам или кражба и откриваат пожари и други опасности, го одржуваат редот и ги спроведуваат прописите на јавни настани, вршат обезбедување на лица, собираат билети или вршат разводнички задачи.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

26.012 МКД

Слободни работни местa

766