НОВИНАРИ
Работна средина
Новинарите и дописниците најголем дел од работното време го поминуваат на терен, спроведувајќи интервјуа и работа на истражувачки стории. Исто така новинарите работат и во редакција ( канцеларијата каде новинариите ги создаваат своите приказни), каде ги пишуваат вестите, текстовите, истражувачките приказни, анализите и коментарите.Тие патуваат до местото на настанот и со новите технологиите во поново време можат да објавуваат вести и од самото место на настанот. Редакциите за своите потреби праќаат дописници во странски држави од каде известуваат за состојбите и настаните во земјата каде се ангажирани да известуваат. Некои новинари живеат во други земји и ги покриваат меѓународните вести.