НОВИНАРИ
Како да станете новинар/ка
Образование
Дипломираните новинари во Република Македонија треба да имаат завршено тригодишни студии или за магистериум – петгодишни студии. Неколку високо образовни институции во Македонија нудат програми за новинарство со кои се стекнува диплома за Дипломиран новинар.
Високо образовни институции кои нудат програми за новинарство:
1. Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје- студии по новинарство
2. Универзитет ” Гоце Делчев” – Штип, Правен факултет -Новинарство и односи со јавноста
3. Државен Тетовски Универзитет – Тетово, Правен факултет – студии по новинарство
4. Висока школа за новинарство и за односи со јавноста – Скопје
Обука и сертификати
Македонски институт за медиуми (МИМ) имплементира бројни едукативни програми од областа на новинарството: обуки, конференции, семинари, работилници, студиски патувања и специјализирани обуки за односи со јавноста и комуникација со медиумите за новинари и други медиумски професионалци.
Повеке информации можете да најдете на веб – страната на Македонскиот институт за медиуми или на следниов линк:
https://mim.org.mk/mk/za-mim/celi-i-aktivnosti
Важни квалитети
Комуникациски вештини. Новинарите, треба да се вешти во комуникацијата бидејќи често се наоѓаат пред соговорници, други новинари, претставниците на заедницата или други групи. Успешната комуникација се состои од проценка и анализа на публиката, пишување/подготовка на говорот и самиот говор кој треба да одговори точно на потребите на публиката.
Компјутерски вештини. Новинарите треба да бидат „компјутерски писмени“ и неопходно е знаат да користат уреди поврзани со емитувањето вести. Исто така, тие треба да бидат способни да користат софтвер за мултимедија и кодирање со цел да објавуваат приказни на веб-страници и мобилни уреди.
Интерперсонални вештини. За да се развијат контакти и да се спроведуваат интервјуа, новинарите треба да бидат комуникативни, да бидат информирани и мора да градат добри односи со многу луѓе, кои се нивни соговорници или „извори“ за вестите и за приказните. Тие, исто така, треба тесно и добро да соработуваат со другите новинари и со уредниците.
Упорност. Понекогаш, тежок е патот за да се добијат фактите за приказна, особено кога оние кои се инволвирани во конкретниот настан или новинарска сторија, одбиваат да бидат интервјуирани или да дадат коментар. Новинарите треба да бидат упорни во нивната потрага по приказната.
Издржливост. Работата на новинарите често е стресна, динамична и исцрпувачка. Новинарите мора да бидат способни да продолжат со дополнителни часови на работа.