НОВИНАРИ

НОВИНАРИ

Активности

Новинарите истражуваат, анкетираат, толкуваат, пишуваат и пренесуваат вести и јавни односи преку весниците, телевизијата, радиото и други медиуми.

Задачите вклучуваат:

– собирање локални, национални и интернационални вести преку интервјуа, анкети и набљудувања, присуство на јавни настани, барање на документи и записи, преглед на запишаната работа, присуство на сценски и филмски изведби;
– собирање, известување и коментирање на новостите и актуелните настани за објавување во весници и периодични изданија или пренос преку телевизија, радио или веб-медиуми;
– примање, анализа и верифицирање на точноста на вестите и другите новости;
– интервјуирање на политички и други јавни личности на конференции за печат и на други пригоди, вклучувајќи индивидуални интервјуа за радио или телевизија или веб-медиуми;
– истражување и известување за развојот во специјализирани области како што е медицината, науката и технологијата;
– пишување колумни и коментари за актуелни теми со цел да се стимулира јавниот интерес и да се изразат ставовите на одредена публикација или радиодифузна станица;
– процена и пишување на критика за литературни, музички и други уметнички дела базирани на знаење, процена и искуство, во весниците, телевизијата, радиото и други медиуми;
– проверка на материјалот за публикување, проверка на стилот, граматиката и содржината, преземање на сите потребни ревизии и проверки пред печатење;
– поврзување со персоналот за печатење за финална проверка на материјалот непосредно пред печатење;
– селекција, собирање и подготвување на рекламен материјал за деловни или други организации за објавување преку печат, радио, телевизија и други медиуми;
– вршење на сродни работи;
– надзор на другите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2642.01 Новинар
2642.02 Коментатор
2642.03 Критичар
2642.04 Репортер
2642.05 Редактор
2642.06 Составувач на рекламни огласи
2642.07 Музички уредник
2642.08 Ликовен уредник
2642.09 Филмски критичар и публицист
2642.10 Одговорен уредник
2642.11 Помошник и главен уредник
2642.12 Уредник за забавно – сценска програма
2642.13 Уредник за концертна програма
2642.14 Уредник за видео програма

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Новинарите истражуваат, анкетираат, толкуваат, пишуваат и пренесуваат вести и јавни односи преку весниците, телевизијата, радиото и други медиуми.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

21.324 МКД

Слободни работни местa

  • 56 АВРМ