Магационери и сродни занимања

Магационери и сродни занимања

Како да станете магационери и сродни занимања

Образование 

Иако за магационери  и сродни занимања не постои формално образование, работодавачите претпочитаат кандидати со завршено средно образование. Бидејки не постои формално образование, почетниците во ова занимање праксата и вештините ги стекнуваат преку обука на работното место, која вообичаено трае од неколку дена до неколку месеци на тој начин што, искусните вработени ги обучуваат нововработените.

Обука

Во моментов не постојат верифицирани програми магационери  и сродни занимања  во Центарот за образование на возрасните.

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за магационери  и сродни занимања кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

За повици за активни мерки на пазарот на трудот на следниот линк:

www.av.gov.mk

 

Важни квалитети 

Аналитички вештини. Магационерите и сродните занимања мора да го следат  процесот на работа со внес и износ на материјали од магацините. Овие задачи бараат прецизност и точност.

Математички вештини. Магационерите и сродните занимања  постојано работат со цифри и треба да имаат добри аритметички вештини.

Компјутерски вештини. Магационерите и сродните занимања  треба да имаат познавање на работата со соодветни софтверски програми.

Меѓучовечка комуникација. Пријателскиот и пријатен карактер е важен за овие работници, бидејќи работното место бара речиси постојана интеракција со луѓе.

Физичка сила. Магационерите и сродните занимања, мора да бидат способни да вршат физички напорни, повторувачки задачи, како што се кревање тешки предмети и свиткување на половината.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Магационерите примаат, чуваат и испорачуваат стока. За тоа водат евиденција, изработуваат и чуваат документација.

Потребно образование при вработување

Четири годишно средно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

23,303 МКД

Слободни работни местa

556