Магационери и сродни занимања

Магационери и сродни занимања

Активности

Магационерите примаат, чуваат и испорачуваат стока. За тоа водат евиденција, изработуваат и чуваат документација.

Задачите вклучуваат:

  • организација и контрола на прием и испраќање на стоки и водење на веродостојна евиденција;
  • водење на евиденција на залиха на стоки, проверка на издадената стока, известување за состојбата на залихите;
  • примање, складирање и издавање на алати, резервни делови или резервна опрема и водење на веродостојна евиденција;
  • мерење на стоките што се примени, издадени, произведени или испратени и водење на веродостојна евиденција;
  • бележење на инвентар од мебел и други предмети примени за складирање;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

4321.01  Работоводител на магацин

4321.02  Главен магационер

4321.03  Магационер

4321.04  Магационер за алат

4321.05  Магационер за издавање на алат

4321.06  Магацински службеник

4321.07 Економ

4321.08 Магационер за гориво и мазиво

4321.09 Магационер за резервни делови

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Магационерите примаат, чуваат и испорачуваат стока. За тоа водат евиденција, изработуваат и чуваат документација.

Потребно образование при вработување

Четири годишно средно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

23,303 МКД

Слободни работни местa

573