Инженери за животна средина

Инженери за животна средина

Активности

Инженерите за животна средина спроведуваат истражувања, советуваат, дизајнираат и вршат директна имплементација на решенијата за контрола и спречување на штетните влијанија на човековата активност врз животната средина. Тие вршат процена на животната средина и применуваат проекти и стандарди за контрола на загадувањето и заштита на целокупната животна средина.

Задачите вклучуваат:

  • спроведување на истражувања, процена и известување за ефектите од човековата активност врз животната средина;
  • инспекција на индустриските објекти и програми за да се оцени оперативната ефикасност и да се обезбеди усогласеност со прописите на животната средина;
  • дизајнирање на програми и следење на развојните системи за квалитет на водата, почвата и воздухот;
  • обезбедување на инженерство на животната средина и вршење на регулаторна анализа и планирање на развојни податоци;
  • обезбедување и ажурирање на стандарди, оперативни постапки и дозволи за работа;
  • следење на програмите за унапредување и подобрување на животната средина;
  • советување на корпорации и други субјекти за следење и чистење на контаминирани локалитети и средини;
  • соработка со стручни лица од сродни научни дисциплини во врска со опасен отпад и решавање на еколошките проблеми;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

2143.01  Инженер за енергија

2143.02  Инженер за животна средина

2143.03  Еколошки аналитичар

2143.04  Инженер за екологија

2143.05  Инженер за еколошка санација

2143.06  Инженер за контрола на загаденоста на воздухот

2143.07  Инженер за контрола на загаденоста на водата

2143.08  Инженер за контрола на загаденоста на почвата

2143.09   Комунален инспектор

2143.10   Советник за комунални работи

2143.11  Инспектор за водостопанство

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Инженерите за животна средина спроведуваат истражувања, советуваат, дизајнираат и вршат директна имплементација на решенијата за контрола и спречување на штетните влијанија на човековата активност врз животната средина. Тие вршат процена на животната средина и применуваат проекти и стандарди за контрола на загадувањето и заштита на целокупната животна средина.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

38,411 МКД

Слободни работни местa

2