Агрономи, шумарски инженери и сродни стручњаци

Агрономи, шумарски инженери и сродни стручњаци

Активности

Агрономите, шумарските инженери и сродните стручњаци спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа во земјоделството, шумарството и рибарството или применуваат научни знаења во врска со одгледување, размножување и развој на растенија и животни.

Задачите вклучуваат:

  • собирање и анализа на податоци и примери поврзани со почвата, храната, поднебјето, квалитетот на водата и другите фактори кои влијаат на производството и одгледувањето на растенијата и животните;
  • истражувања во врска со полјоделските култури и создавање нови или подобрени методи на одгледување на културите;
  • истражувања во врска со градинарските, хортикултурните, овоштарските и лозарските култури, развивање на нови или унапредување на постоечките методи на одгледување на културите;
  • истражувања во врска со сточарството и развивање на нови или унапредување на постоечките методи на одгледување на добитокот;
  • истражувања во врска со рибарството и развивање на нови или унапредување на постоечките методи на одгледување и размножување на рибите;
  • истражување и развивање на нови или унапредување на постоечките методи за размножување и одгледување на стеблата или планирање и раководење со пошумување и експлоатација на шумскиот фонд;
  • истражување на карактеристиките, плодноста и продуктивноста на почвата и применување на соодветни заклучоци и откритија во создавањето на подобрени пракси во областите на полјоделството, хортикултурата и шумарството;
  • решавање на земјоделски проблеми и подобрување на ефикасноста на производството;
  • истражување и развивање на нови или унапредување на постоечките методи за заштита на животни и растенија;
  • истражување и развивање на нови или унапредување на постоечките методи за економско искористување на пасиштата;
  • проучување на еколошките фактори кои влијаат врз природата;
  • правење на планови за заштита на земјиштето од ерозија, поплави, суши, пожари и други поголеми катастрофи и заштита од негативни еколошки промени;
  • организирање на едукативни средби поврзани со аграрот;
  • изработка на научни трудови и пишување на извештаи;
  • извршување на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2132.01 Агроном за полјоделство

2132.02 Агроном за градинарство

2132.03 Агроном за овоштарство

2132.04 Агроном за лозарство

2132.05 Агроном за заштита на растенијата

2132.06 Агроном за мелиорација

2132.07 Технолог за сточарство

2132.08 Технолог за рибарство

2132.09 Технолог за живинарство

2132.10 Шумарски инженер

,2132.11 Фитосанитарен инспектор

2132.12 Шумарски инспектор

2132.13 Земјоделски инспектор

2132.14 Инспектор за лов

2132.15 Инспектор за риболов

2132.16 Истражувачи во агрономијата

2132.17 Истражувачи во шумарството

2132.18 Земјоделски инженер

2132.19 Инженер по фармерско производство

2132.20 Инженер-агроном

2132.21 Агроменаџер

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Агрономите, шумарските инженери и сродните стручњаци спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа во земјоделството, шумарството и рибарството или применуваат научни знаења во врска со одгледување, размножување и развој на растенија и животни.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.554 МКД

Слободни работни местa

22