Стручно образование и обука

Стручното образование и обука е дел од системот на образование што обезбедува индивидуален развој на личноста преку стекнување компетенции, знаења и вештини неопходни за вклучување на пазарот на трудот или за продолжување на образованието. Стручното образование и обука го вршат училиштата за стручно образование и обука како и центрите за стручна обука, кои реализираат општо и стручно теоретско образование и практична обука. За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Центарот за стручно образование и обука.