Образование на возрасни

Образованието на возрасни и обука е дел од системот на образование што обезбедува образование, усовршување, оспособување и учење на возрасните лица. Образованието на возрасни и обука го вршат установи за образование на возрасните (училиште или установа) и институции за образование на возрасните (правно или физичко лице со регистрирана дејност).

Постојат три вида образование на возрасни и тоа: формално (институционализирано образование што се спроведува во државни и во приватни установи и институции), неформално (организирани процеси на учење за оспособување на возрасните за работа) и информално учење (активности со кои возрасните се стекнуваат со позитивни вредности, вештини и знаења од секојдневните искуства). За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Центарот за образование на возрасни.