Квиз за професионалнаориентација

Изберете една од понудените опции со притискање на квадратчето до неа.
Одговорете на сите прашања и притиснете го копчето „Понатаму“.

1
2
3
4
5
Понатаму

Изберете една од понудените опции со притискање на квадратчето до неа.
Одговорете на сите прашања и притиснете го копчето „Понатаму“.

6

Сакам да подготвувам документација

7

Сакам да им помагам на болни луѓе

8

Одговорно би следел/а распореди за давање лекарства

9

Сакам да собирам и да анализирам податоци

10

Се однесувам срдечно и љубезно со другите, независно од моето расположение

11

Одговорно следам распореди и рокови

12

Сакам да ги сослушувам и да ги разбирам другите

13

Сакам креативна работа

Понатаму

Изберете една од понудените опции со притискање на квадратчето до неа.
Одговорете на сите прашања и притиснете го копчето „Понатаму“.

14

Сакам работа со храна и пијалаци

Понатаму

Изберете една од понудените опции со притискање на квадратчето до неа.
Одговорете на сите прашања и притиснете го копчето „Понатаму“.

14

Сакам да седам кога работам

Понатаму

Изберете една од понудените опции со притискање на квадратчето до неа.
Одговорете на сите прашања и притиснете го копчето „Понатаму“.

15

Сакам да собирам и да анализирам податоци

16

Сакам да експериментирам со прехранбени производи

17

Сакам да работам со брашно

18

Предизвик ми е да научам да правам бурек и бели печива

19

Сакам да сум во динамична средина

20

Лесно се снаоѓам и уживам во набавка на прехранбени производи

21

Сакам да комбинирам зачини

22

Сакам да креирам рецепти за колачи и бели печива

23

Со задоволство би подготвувал/а пијалаци според нарачка

Понатаму

Изберете една од понудените опции со притискање на квадратчето до неа.
Одговорете на сите прашања и притиснете го копчето „Понатаму“.

15

Сакам да користам машини, алати и опрема

16

Сакам да работам со скици

17

Сакам да спојувам метални конструкции

18

Ме интересира производство на храна

19

Сакам да работам со машини во производствен погон

20

Внимателен/внимателна сум кога работам со опасни материи

21

Би ми било интересно да изработувам алати за производство на метални и пластични производи

Понатаму

Изберете една од понудените опции со притискање на квадратчето до неа.
Одговорете на сите прашања и притиснете го копчето „Понатаму“.

15

Сакам да поврзувам механика и програмирање

16

Учење програмски јазици ми оди со леснотија

17

Ме интересира автоматизирано производство

18

Сакам да решавам софтверски/компјутерски проблеми

19

Сакам да внесувам податоци од кои произлегува производ

Понатаму

Ти би можел да бидеш

Пекар

Пекарите можат да работат самостојно во своја пекара или како дел од тим во друга пекара, во производствен погон за производство на леб и бели печива или во хотели/ресторани.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Киро Бурназ“ – Куманово
  • „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
  • „Орде Чопела“ – Прилеп
  • „Лазар Танев“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Димитар Влахов“ – Струмица

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Изгледа дека би можел да се пронајдеш во професијата

ГОТВАЧ

Готвачите планираат оброци и готват храна според рецепти или според своја сопствена креативност. Работат самостојно или во тим и ја координираат работата на помошниците во кујната. Потребни се вештини за управување со опремата за готвење со голем обем и креативност во сервирање. Можат да работат во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна. Постојат можности и за самостојни кетеринг-услуги. Најголема потреба од готвачи се јавува во туристичките места за потребите на хотелите и угостителските објекти. Поради недоволниот број готвачи во земјата, занимањето готвач е одлично платено.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија
  • „Ѓорче Петров“ - Крива Паланка
  • „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
  • „Ванчо Питошески“ – Охрид
  • „Лазар Танев“ – Скопје
  • „Моша Пијаде“ – Тетово
  • „Коле Нехтенин“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Професија што би можела да ти одговара е

ШАНКЕР/КЕЛНЕР

Шанкерот може да работи во барови, ресторани, кафетерии, конференциски центри, сали за банкети, хотели или кај изнајмени кетеринг-служби. Тој/таа прима и подготвува нарачки за алкохолни и безалкохолни пијалаци според барањата на клиентите. Треба да се прилагодливи и способни за работа во тим. Потребни им се одлично развиени комуникациски вештини, физичка кондиција и издржливост. Образован и обучен шанкер е реткост во земјата и затоа е прилично добро платено занимање.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
  • „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  • „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
  • „Ванчо Питошески“ – Охрид
  • „Лазар Танев“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Моша Пијаде“ – Тетово
  • „Коле Нехтенин“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Професија што би можела да ти одговара е

АЛАТНИЧАР

Алатничарот е квалификуван работник што произведува и одржува прецизни алати, кои се користат при производство на метал, пластика и други материјали од сите облици и големини. Потребно е да биде физички активен и вешто да работи со раце. Како креатор на алати треба да биде прецизен, уреден и одговорен. Свеста за безбедност при работата е неопходна, како и вниманието на детали. Работи самостојно или во тим, во своја сопствена работилница или во големи индустриски погони. Пазарот на труд има голема потреба од ова занимање, па оттаму и добрата заработувачка.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Тригодишно стручно образование за обработувачи на метал
  • Четиригодишно стручно образование за машински техничари

Средни стручни училишта

  • „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • „Ванчо Прќе“ – Виница
  • СОТУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Ќиро Спанџов Брко“ – Кавадарци
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Ѓорче Петров“ - Крива Паланка
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп
  • „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип
  • СУГС „8 Септември“ – Скопје
  • „Моша Пијаде“ – Тетово

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Професија што би можела да ти одговара е

ЗАВАРУВАЧ

Заварувачот изработува и составува метални конструкции и опрема. Тој/таа произведува метални производи според барањата на клиентот или работодавачот во автомобилската, поморската, транспортната, општопроизводната, градежната и други области. Заварувачот мора да ги владее вештините на читање и разбирање на инженерските цртежи и планови и да користи различни техники на заварување. Треба да е вешт со своите раце, да е свесен за потребата од безбедност при работа, да биде прецизен, одговорен и да внимава на детали. Ова занимање, кое е многу ретко, вообичаено е едно од најплатените во машинската/металната индустрија.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование

Средни стручни училишта

  • „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • СОТУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • СУГС „8 Септември“ – Скопје

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Професија што би можела да ти одговара е

РАКУВАЧ СО МАШИНИ ЗА ПРЕХРАНБЕНИ И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

Ракувачите со машини за прехранбени и слични производи ракуваат со машините за преработка и производство на храна и напитоци од животинско и од растително потекло, како и со машини за сушење, конзервирање и замрзнување на храната. Ракувачите со машини треба да ги почитуваат процедурите за производство, да знаат да читаат планови, шеми и прирачници за користење различни видови машини. Потребни им се физичка издржливост и способност да се внимава на детали. Можат да работат самостојно или во тим, во мали и во големи индустриски погони. Поради зголемениот број домашни и странски производствени капацитети во земјата, пазарот на труд постојано бележи недостиг на ова занимање.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование

Средни стручни училишта

Професијата ракувач на машини произлегува од неколку профили што се нудат во средни училишта од машинска и од прехранбена струка. За градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Има голема веројатност да бидеш успешен како

ПОМОШНИК ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА

Помошниците за здравствена грижа обезбедуваат лична нега, поддршка и третман на пациенти и помагаат при извршувањето на нивните секојдневни животни активности. Работат во центри за рехабилитација, старечки домови и во други слични институции. Треба да бидат одговорни и внимателни при следење на планот за третман утврден од лекари. Чувствителноста, емпатијата и трпеливоста се нивни главни лични особини. Помошниците за здравствена грижа треба да бидат комуникативни, да поседуваат вештини за набљудување и решавање проблеми. Иако ова не е релативно ново занимање на пазарот на труд во земјата, побарувачката постојано се зголемува.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование
  • Основно образование и сертифицирана програма

Средни стручни училишта

  • „Д-р Јован Калаузи“ – Битола
  • „Димитрие Чуповски“ – Велес
  • СОУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Мирко Милески“ – Кичево
  • „Наце Буѓони“ – Куманово
  • „Ѓорче Петров“ – Прилеп
  • „Марија Кири Склодовска“ - Скопје
  • „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Димитар Влахов“ – Струмица
  • „Никола Штејн“ – Тетово
  • „Јане Сандански“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Има голема веројатност да бидеш успешен како

ИКТ ОПЕРАТОР

ИКТ операторот врши техничка работа поврзана со управувањето на производните процеси преку компјутери и дополнителната компјутерска опрема. Тој/таа врши операции според распоред и упатства за производство, внесува команди и ги набљудува производствените системи преку компјутерска програма. Потребни се вештини и знаење за информатичката технологија и управување со неа. Најчесто работи самостојно во големи и во мали индустриски погони, кои се управуваат преку современа компјутерска опрема. Поради големиот опсег на работни задачи што ги опфаќа ова занимање, пазарот на труд сè почесто има потреба од него, со прилично добри приходи.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • СОТУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Ќиро Спанџов Брко“ – Кавадарци
  • „Мирко Милески“ – Кичево
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  • „Наце Буѓони“ – Куманово
  • „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп
  • „Коста Сусинов“ – Радовиш
  • „Михајло Пупин“ – Скопје
  • „Владо Тасевски“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Никола Карев“ – Струмица
  • „Моша Пијаде“ – Тетово
  • „Коле Нехтенин“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Има голема веројатност да бидеш успешен како

Развивач на софтвер – програмер

Развивачите на софтвер за компјутерски системи планираат, анализираат, дизајнираат, унапредуваат или развиваат софтверски апликации за да ги задоволат барањата за различна практична примена. Работат самостојно во реализација на тимски проекти. Потребна им е креативност, логичко размислување и решавање проблеми. Може да работат во сопствена фирма или за друг работодавач. Во изминатата деценија, како на домашно така и на глобално ниво, ова занимање е меѓу најбараните и наплатените професии.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Високо образование
  • Некаде се потребни лиценци за познавање одредени програмски јазици или програмски пакети

Средни стручни училишта

  • „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • СОТУ „Гостивар“ – Гостивар
  • „Ќиро Спанџов Брко“ – Кавадарци
  • „Мирко Милески“ – Кичево
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  • „Наце Буѓони“ – Куманово
  • „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп
  • „Коста Сусинов“ – Радовиш
  • „Михајло Пупин“ – Скопје
  • „Нико Нестор“ – Струга
  • „Никола Карев“ – Струмица
  • „Моша Пијаде“ – Тетово
  • „Коле Нехтенин“ – Штип

За дополнителни градови т.е. училишта каде што може да се изучува наведената професија, ве молиме да го погледнете конкурсот за упис во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за тековната учебна година.

Има голема веројатност да бидеш успешен како

ДИСПЕЧЕР ВО ПАТЕН СООБРАЌАЈ

Диспечерот во патен сообраќај организира навремен и најекономичен транспорт на стоки, според барањата на клиентите. Во најширока смисла, презема активности што се однесуваат на планирање, проектирање, контрола и управување со сите процеси и информации што овозможуваат проток на материјали, луѓе и енергија. Клучни вештини се јасна прецизна комуникација и координација како и прецизност во работа со документи. Може да работи во компании чија примарна или споредна дејност е во областа на сообраќајот, транспортот и складирањето. Доброто познавање еден или повеќе странски јазици, му создава на диспечерот можност за прилично добра заработувачка.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

  • Средно стручно образование
  • Обука на работното место

Средни стручни училишта

  • „Таки Даскало“ – Битола
  • СОУ „Богданци“ – Богданци
  • „Коле Неделковски“ – Велес
  • „Ѓошо Викентиев“ – Кочани
  • „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп
  • „Владо Тасевски“ – Скопје
  • „Боро Петрушевски“ – Скопје