Развивачи и аналитичари на софтвер и апликации, некласифицирани на друго место
Како да станете развивачи и аналитичари на софтвер и апликации, некласифицирани на друго место
Образование
Вообичаено се бара развивачи и аналитичарите на софтвер и апликации, некласифицирани на друго место да имаат завршено високо образование или VIА ниво на квалификација која се стекнува на некој од електротехничките факултети или факултети за информатика или инженерство во Република Северна Македонија или во странство. Покрај универзитетско образование, повеќето претпријатија претпочитаат практично искуство во областа во која се работи. Вообичаено факултетите им помагаат на студентите да се стекнат со практично искуство во текот на летото или со практиканство на скратено работно време во фирми, како дел од нивните студиски програми.
Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во оваа област, може да се најдат тука: .
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii.
Лиценци и обуки
Работодавачите препочитуваат поседување на меѓународно признати лиценци и/или сертификати за познавање на определени програмски јазици или работа со специјализиран софтвер.Најголема светска професионална организација која врши воспоставување на стандарди во високата технологија, едукација и истражувања е Институтот за инжинери по електротехника и електроника (The Institute of Electrical and Electronics Engineers – IEEE). .www.ieee.org
Во делот на неформалното образование, во Македонија работат неколку ИТ центри кои нудат едукација, тестирање и сертифицирање за курсеви кои се меѓународно признати.
.
Некои од ИТ центрите во Македонија кои нудат меѓународно признати обуки и тестирања се: .
• Семос едукација, http://semosedu.com.mk/
• Сеавус образовен и развоен центар, http://www.sedc.mk.
Дополнителни вештини/Важни квалитети
Аналитички вештини. Развивачите и аналитичари на софтвер и апликации, некласифицирани на друго место, треба да поседуваат аналитички вештини за да можат да ги евалуираат мрежите и системите за да бидат сигурни дека тие работат правилно и да предвидат нови барања, бидејќи се менуваат потребите на клиентите.
Комуникациски вештини. Развивачите и аналитичарите на софтвер и апликации, некласифицирани на друго место, мора да поседуваат комуникациски вештини за да можат да ги опишат проблемите и нивните решенија за (клиентите) не-ИТ работници.
Вештини за работа на повеќе задачи. Развивачите и аналитичарите на софтвер и апликации, некласифицирани на друго место, честопати работат на повеќе проблеми и задачи во исто време.
Вештини за решавање проблеми Развивачите и аналитичарите на софтвер и апликации, некласифицирани на друго место, мора да бидат оспособени за решавање на проблеми со цел брзо да ги решат проблемите што се појавуваат со компјутерските мрежи.
