Zanimanja.mk е информативно-едукативна платформа, која содржи профили со корисни информации за повеќето занимања во земјава и редовно се надополнува со нови профили и податоци. Платформата е посветена и на промовирање на стручните занимања што бараат одредена техничка подготовка: фризери, пекари, заварувачи, електричари и многу други практични вештини за кои пазарот на труд има голема потреба.
Под мотото „(С)најди се со стручно“, сакаме да го поттикнеме интересот за стручните занимања и образование како одлична можност за професионална реализација, брзо вработување, самовработување и кариерен напредок.
Овој квиз се однесува на десет од најбараните занимања во Република Северна Македонија.
Целта на квизот е да ти помогне да ги осознаеш твоите вистински интереси и афинитети, кои можат да го отворат патот кон твојата идна кариера. Одвои петнаесетина минути од твоето време и внимателно пополни го квизот од твојот компјутер.
Откако ќе ги добиеш резултатите од квизот, препорачуваме разговор со стручно лице, кариерен советник од Асоцијацијата на советници за кариера АСК (www.ask.org.mk), што ќе ти помогне полесно да го направиш изборот на твојата идна кариера.
При изборот на идна кариера, потребни ни се информации и стручна помош, со што си ги зголемуваме шансите да дојдеме до работа што ќе ја сакаме и во која ќе бидеме успешни. Среќно!