ЅИДАРИ

ЅИДАРИ

Работна средина

Ѕидарите градат и поправаат ѕидови, подови, прегради, камини, оџаци, и други конструкции со тули, глина, однапред изработени градежни панели, бетонски блокови, и други градежни материјали. Работниците за зашилување, чистење и затворање се ѕидари кои поправаат ѕидарски работи, особено постари конструкции, каде што попуштил малтерот.

Ѕидарите на печки специјализираат во поставување шамотни тули, малтер, гипс, и огноотпорни тули во бојлери, печки, куполи, мешалки, и окна во индустриски постројки.

Ѕидарите и бетонирците го поставуваат бетонот и ја финишираат работата. Тие може да ги бојосуваат бетонските површини, поставуваат (мали) камчиња во ѕидови и патеки или прават бетонски греди, столбови, и плочи. Во текот на процесот на истурање, рамнење, и завршни работи со бетон, бетонирците мора да го следат влијанието на ветерот, високите или ниските температури врз сушењето на бетонот. Мора да имаат темелни познавања за карактеристиките на бетонот, за да може да одредат што се случува со бетонот и да преземат мерки за спречување на дефектите. Помалите работи може да бараат користење мрежа за поддршка. Кај поголемите работи, мрежата и арматурата ја поставуваат армирачи.

Ѕидарите за поплочување тротоари и улици поставуваат ѕидани патеки, приодни патишта, и поплочени дворови. Работниците треба внимателно да го подготват теренот за да осигурат дека ѕидарските единици се соодветно поврзани без празнини или бразди.

Ѕидарите со блокови градат камени ѕидови, и поставуваат камени надворешни површини и подови. Тие работат со два вида камен: природен камен, како што е мермер, гранит и вар; и вештачки камен, направен од бетон, парчиња мермер или други ѕидарски материјали. Работниците користат специјален чекан или дијамантска пила за да го исечат каменот во различни облици и големини. Некои каменоресци специјализираат во поставување мермер што е слично на поставување големи парчиња камен.

Ѕидарите за споменици од камен ја проверуваат длабочината и димензиите на исечените или изгравираните делови за да осигурат дека се во согласност со спецификациите, плановите или моделите, со помош на мерни инструменти. Тие сечат, обликуваат и обработуваат груби градежни блокови или камења за споменици, согласно дијаграми или шеми.

Задолженија на работното место

Ѕидарите користат тули, бетонски блокови, бетон, и природен и вештачки камен за изградба на ѕидови, патеки, огради и други градежни објекти.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

15.646 МКД

Слободни работни местa

  • 127 АВРМ