ЅИДАРИ

ЅИДАРИ

Како да станете ѕидар/ка

Образование

Повеќето ѕидари имаат завршено основно или средно образование, и учат на работното место или преку програми за практиканство. Некои учат градежна насока во стручните училишта (тригодишна програма).

Обука

Центарот за образование на возрасни верификува програми за обука, кои се со времетраење од 3 месеци (минимум завршено основно образование).

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за ѕидари посетете ја следната страница:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

Секоја година, Агенцијата за вработување нуди различни субвенционирани програми за обука.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Приватните претпријатија, кои претпочитаат вработување нови работници, може да спонзорираат програми за практиканство.

Потребни вештини

Координација рака-око. Работниците поставуваат мазни и рамни слоеви малтер, поставуваат тули, и го отстрануваат вишокот пред малтерот да се стврдне.

Математички вештини. Бетонирачите користат математички вештини – вклучувајќи мерење, пресметување обем, и мешање – кога самостојно подготвуваат малтер.

Физичка кондиција. Ѕидарите мора да одржуваат постојано темпо при поставување на тулите во текот на цел ден. Иако поединечните тули не се премногу тешки, постојаното подигнување може да биде заморно.

Физичка сила. Работниците мора да бидат доволно силни за да подигнуваат големи тежини. Мора да носат и тешки алати, опрема, и други материјали, како што се вреќи со малтер и паста.

Визуализација. Ѕидарите треба да воочат како одговараат камењата за да изградат привлечни и стабилни конструкции.

 

Задолженија на работното место

Ѕидарите користат тули, бетонски блокови, бетон, и природен и вештачки камен за изградба на ѕидови, патеки, огради и други градежни објекти.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

15.646 МКД

Слободни работни местa

  • 127 АВРМ