ЅИДАРИ

ЅИДАРИ

Изгледи за вработување

Порастот на населението ќе резултира со изградба на повеќе училишта, болници, станбени згради, и други конструкции, повеќето од кои се направени од тули и блокови. Понатаму, ѕидарите ќе бидат потребни за поправка на поголемиот број згради. Бетонирачите и бетонските финишери ќе бидат потребни за изградба и реновирање автопатишта, мостови, фабрики, и резиденцијални згради за да ја задоволат побарувачката на населението и да ги поправаат застарените конструкции.

Во целина, се очекува изгледите за работа на ѕидарите да бидат поволни, имајќи го предвид растот на градежната активност. Како и со поголемиот број градежни работници, вработувањето на ѕидарите зависи од флуктуацијата на економијата.

Според податоците од Агенцијата за вработување, бројот на регистрирани работници во 2016 година изнесувал околу 450 ѕидари.

Од друга страна, работниците може да се соочат со периоди на невработеност во случај на општ пад на нивото на градежништвото, но може да дојде и до недостиг од работници во одредени периоди со зголемена градежна активност. Работниците со богато работно искуство и стаж, и работниците кои имаат завршено средно градежно образование имаат најдобри можности за вработување.

Слични занимања (од ISCO-08)

Ѕидар со камен – 7113

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Ѕидарите користат тули, бетонски блокови, бетон, и природен и вештачки камен за изградба на ѕидови, патеки, огради и други градежни објекти.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

15.646 МКД

Слободни работни местa

  • 127 АВРМ