ЅИДАРИ

ЅИДАРИ

Активности

Ѕидарите и сродните градежни занимања поставуваат и обновуваат темели, ѕидови и други градежни конструкции и делови на градби од тули, блокови, камен и слично.

Ѕидарите:

  • ѕидаат со тули и други туларски производи, камен и слични градежни материјали и тоа темели, ѕидови, столбови, прегради, сводови, фабрички оџаци, камини, индустриски печки, сушници, ложишта и останати конструкции, малтерисуваат и поправаат оштетувања;
  • обложуваат ѕидови и други делови на градби од камен, тули и слични материјали;
  • поставуваат камени патеки, столбови и потпорни столбови;
  • извршуваат сродни задачи;
  • вршат надзор врз други работници.

Занимања во оваа група се:

7112.01 Помошен ѕидар

7112.02 Ѕидар

7112.03 Ѕидар мајстор

7112.04 Ѕидар шамотер

7112.05 Ѕидар шамотер, специјализиран

7112.06 Ѕидар на оџаци

7112.07 Ѕидар на оџаци, специјализиран

7112.08 Ѕидар на печки

7112.09 Ѕидар на печки, специјализиран

7112.10 Ѕидар и дрводелец

7112.11 Ѕидар и бетонирец

7112.12 Ѕидар за споменици од камен

7112.13 Ѕидар за поплочување на тротоари и улици

(Извор:Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Ѕидарите користат тули, бетонски блокови, бетон, и природен и вештачки камен за изградба на ѕидови, патеки, огради и други градежни објекти.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

15.646 МКД

Слободни работни местa

  • 127 АВРМ